Дав дена по ред бројот на заразени со Ковид-19 во Хрватска надминува 1.000 луѓе. Таквиот развој на епидемијата, сепак, нема да донесе ново масовно затворање, туку поригорозни мерки по жупании.
Како што пишува „Индекс“, Кризниот штаб ќе препорача жупаниските штабови да преземат поголема одговорност во донесувањето на конкретни мерки, во нивното спроведување и во казнување на тие што не ги почитуваат мерките.
Тоа првенствено се однесува на сопствениците на различни објекти, од кафулиња до ресторани, фитнес центрите, граѓаните кои не носат или неисправно ги носат маските, како и во случаите на недозволените приватни собири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.