Црногорскиот премиер, Здравко Кривокапиќ, го прифати предлогот на 37 пратеници од парламентарното мнозинство и ги почна консултациите за реконструкција на Владата.
Од неговиот кабинет прецизираат дека Кривокапиќ ќе го поддржи договорот и компромисот зад кој ќе застанат 41 пратеник од парламентарното мнозинство, што е услов за воспоставување политичка стабилност, со цел решително продолжување на процесот на демократизација на Црна Гора.
Откако Демократите и Демократскиот фронт пред десетина дена соопштија дека Владата треба да се реконструира, Кривокапиќ предложи реконструираната Влада да има тројца потпретседатели, а ресорите што се покажаа обемни да бидат поделени.
Кризата на актуелната Влада на Црна Гора почна со денот на формирање на експертската Влада, на што се спротивстави Демократскиот Фронт, а кулминираше со заминувањето на пратениците на овој политилки блок од Собранието, откако беше сменет министерот за правда Владимир Лепосавиќ поради изјавата за Сребреница и беше усвоена Резолуцијата за Сребреница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.