Дали српскиот суд ќе пресуди повеќе од два века на затворски казни за упадот во националната телевизија како Кривичен од Скопје? Ќе биде ли Македонија пример за она што ќе се случува по вчерашниот упад во РТС?
Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ги вчерашните случувања, вели дека немало да се следи примерот каде според неговите зборови, македонскиот премиер се пофалил дека го пратиле поранешниот прв човек на БЈБ, Митко Чавков, 18 години во затвор, анализира „Алфа“.
Големиот пријател на тајкуните Ѓилас и Јеремиќ, Зоран Заев се пофали како го осудиле поранешниот министер за внатрешни работи, Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот, по тој принцип можеби и ние би можеле да размислуваме за одговорност на Небојша Стефановиќ, што ги пушти вчера фашистот Обрадовиќ и тајкунот Ѓилас да влезат внатре. Но, јас сметам Небојша мислел, дека полицијата мислела дека имала работа со нормални луѓе и дека такво нешто нема да им падне на памет, изјави Вучиќ
Односот на странските амбасадори за вчерашниот упад во РТС, беше уште една причина Вучиќ да ја искористи Македонија како паралела, тој поставува прашање како е можно во едниот случај, за влезот во Собранието, од нив да дојде осуда, а за верашните случувања ништо.
Интересно е како кај нас има двојни аршини. Прашање за оние кои не слушнаа, како е можно западните амбасадори да не го осудат, а го осудија во истата секунда оние кои не им се допаѓаат влегоа во српскиот парламент, изјави Вучиќ
Според првиот човек на српското МВР, вчерашните сцени не смеееле да се случат.
Државата ќе мора на ова да одговори и секој кој бил во РТС насилно, противзаконски, чинел насилство, се заканувал или на друг начин го кршел законот, за тоа ќе одговора прекршочно и кривично ќе одговара, изјави Небојша Стефановиќ,
Лидерот на српската опозициска партија, ДВЕРИ, Бошко Обрадовиќ, пак најави дека доколку не го исполнат нивното барања, гостување во Дневникот на РТС, упад во јавниот сервис на Србија ќе има и денеска.
Опозицијата мора утре вечер да гостува во Дневникот 2 или повторно ќе има тука многу повеќе луѓе отколку вечерва, порача вчера Обрадовиќ.
По вчерашниот влез во јавниот сервис, денеска српската опозиција, протестираше пред претседателството на Србија, додека Вучиќ имаше обраќање кон нацијата за случувањата од синоќа.
Побарана беше оставка од српскиот претседател, кој пак кажа дека не се плаши од фашистот Обрадовиќ и тајкуните Ѓилас и Јеремиќ.
Вучиќ за протестите кои во последниот период ги има во Србија вели дека се организирани бидејќи отворени биле истраги за кривични дела против опозициските лидери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.