Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека новата германска влада нема да соработува со Република Српска затоа што нејзиното политичко раководство „работи на уништување на Босна и Херцеговина“.
Бургер посочи дека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во понеделникот изјавила дека ЕУ мора „да испрати јасен сигнал против обидите за отцепување, како и да се осигура дека деструктивната политика на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик нема да помине без последици“.
Оваа политика е остар и опасен напад врз единството на БиХ и Дејтон. Затоа, јасно ни е дека нема да соработуваме со ентитетот кој активно работи на уништување на БиХ, а ние работиме на ниво на ЕУ за прераспределба на средствата наменети за Босна и Херцеговина – соопшти Министерството за надворешни работи на Германија.
Бургер, исто така, изјави дека мерките против поединци кои го доведуваат во прашање територијалниот интегритет на БиХ се разгледуваат и во рамките на Европската унија.
Ние сме во близок контакт со нашите партнери во ЕУ, но и со САД и Велика Британија. Тоа се теми за кои во моментов се разговара со цел да се стави јасен знак „стоп“ на таквите неприфатливи сецесионистички тенденции – порача портпаролот Бургер.
Како што објавија сараевските медиуми, кога официјално ќе бидат донесени таквите одлуки не зависи само од германската влада, туку и од координацијата со европските партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.