Кипарскиот министер за правда Јонас Николау денеска поднесе оставка, откако беше откриен сериски убиец, кој призна дека убил пет жени и две деца.

Министерот утрово имаше средба со претседателот Никос Анастасиадис, по која Николау поднесе оставка.

Се очекува утре оставка да поднесе и началникот на полицијата на Кипар.

Во меѓувреме, според направените аутопсии изведени синоќа од страна на судски вештаци и форензичари предводени од од медицинскиот експерт Андреас Манеридес од „Скотланд јард“, потврдено е дека 35-годишниот Никос Метаксас ги убил двете жртви со задушување.

Метаксас, познат како Орестис, кога ги задушувал жртвите не ги користел дланките и прстите, туку со внатрешниот дел на лактот им ги стегал грлата.

Воениот командат Метаксас призна убиство на пет жени и две девојчиња. Полицијата прво го сомничеше за две убиства, но за време на испитувањето призна вкупно седум.

Сепак, властите се сомневаат дека бројот на неговите жртви би можел да достигне цифра од дури 30 жени. Сите жртви, освен една, биле од азиско потекло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.