Kипарската Влада објави препорака до сите граѓани, пред одење на гости во пресрет на божиќните празници да се тестираат со селф тест доколку се целосно вакцинирани или со рапид тест ако се невакцинирани. Препораката е објавена во рамките на новите мерки што од денеска стапуваат во сила на островот.
За домашните собири за празниците, дозволено е да има најмногу 20 лица, вклучувајќи ги и домаќините и децата.
Од денеска, сите вработени кои се вакцинирани или прележале Ковид-19, за пристигнување на работните места задолжително ќе треба да имаат негативен резултат од ПЦР или рапид тест, што ќе важи седум дена, а исклучок се оние кои примиле трета доза.
Училиштата ќе се отворат на 10 јануари и за сите – за учениците, наставниците, професорите и останатиот персонал – на првиот училиштен ден од второто полугодие задолжителен ќе биде негативен резултат од ПЦР или рапид тест.
Од крајот на јануари се намалува важноста на потврдата за прележан Ковид-19 од шест на три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.