Додека „состојбата со долгот“ во буџетот на Србија за 2020 година, според претходните заеми, изнесува вкупно 1,128 милијарди евра, само оваа година се планира да склучат договори со кинеските банки за заеми во вредност од 2,125 милијарди евра. Ова значи дека во блиска иднина Србија планира од кинеските банки да позајми двојно повеќе отколку што враќа, пишува порталот Нова.рс во анализата со наслов Кинески кредити: Србија тоне во должничко ропство.
Според „Нова.рс“ вкупната вредност на „заедничките проекти“ меѓу Србија и Кина, како што ги нарече министерката за инфраструктура Зорана Михајловиќ, вредат над 7 милијарди евра – а она што им е заедничко е дека Кина ги финансира тие проекти, додека Србија плаќа за нив.
Годинашниот српски буџет, кој претрпе „пандемиски ребаланс“, предвидува Србија да одобри проектни и програмски заеми со кинеските банки во вредност од 2,125 милијарди евра.
Така, во буџетот за 2020 година планирани се 164,68 милиони евра за топловодот Обреновац-Нови Белград во име на заем од кинеската Експорт-импорт банка. Во буџетот на Србија, како што пишува Нова.рс има далеку повеќе вредни потфати што ќе бидат одобрени од Р. Србија во 2020 година.
Тоа е проектот во вредност од 600 милиони евра за изградба на Секторот Ц на обиколницата околу Белград (Бубањ Поток – Панчево), потоа проектот за пречистување на отпадни води во Белград од 271 милиони евра, како и 60 милиони евра за изградба на автопатот „Милош Велики“ од Нови Белград до Сурчин.
Србија позајмила уште 550 милиони евра од кинеските банки за изградба на Фрушкогорскиот коридор, 440 милиони евра за завршување на изградбата на Колубара Б, како и 100 милиони евра за брзиот пат Иверак – Лајковац.
„Нова.рс“ потсетува на изјавата на министерата за инфраструктура Зорана Михајловиќ, според која „здружените проекти“ на Србија и Кина вредат повеќе од седум милијарди евра.
Србија кај кинеската „Експорт-импорт“ банка првпат се задолжи пред десет години, кога е договорен заем за мостот Земун-Борча во Белград.Тој кредит, со вкупна вредност од 217 милиони долари, Србија ќе го отплатува уште девет години, а годинешната рата изнесува 16 милиони долари. Србија плаќа уште 20 милиони долари рата за делницата „Милош Велики“ од Обреновац до Љиг, 29 милиони долари заем за првата фаза на Колубара Б – и тоа би било се од „инфраструктурните“ рати за оваа година.
Отплатата на кредитите за најпознатите проекти, како што е изградбата на брзата железничка пруга Белград-Будимпешта доспева во 2022 година, а истото важи и за ратата за делницата за автопатот Обреновац – Сурчин, како и две години подоцна првата рата за мостот над Сава во Сурчин.
Според „Нова.рс“ „состојбата на долгот“ на Србија кон Кина кога станува збор за кредитите од Експорт – импорт банка, а тоа е делот што се „гледа“ во буџетот, изнесува 1,128 милијарди евра.
Апетитот на Србија за задолжување во Кина не опаѓаат, така што само во изминатите денови објавено е дека „Кинезите ќе градат брза железница од Ниш до Прешево“, што е работа проценета на две милијарди евра.
Ако се прашавте „како ни недостига информацијата дека е распишан тендер“, запомнете дека за проекти за учество на кинески компании -никогаш и немало тендери – пишува Нова.рс.
Од телевизијата додаваат дека таков е случајот и со брзата железничка пруга Белград-Ниш, кога вицепремиерката Зорана Михајловиќ едноставно потсети дека „решивме да работиме со кинеската компанија ЦРБЦ“, зато што меморандумот за соработка за проектот за реконструкција на железничката пруга Белград-Ниш со кинеската компанија „China Road and Bridge Corporation“ (CRBC) беше потпишан во 2018 година на самитот на иницијативата „Појас и пат“ во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.