Кина, на 23 минатиот месец, одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско”, со образложение дека потребна е дозвола за употреба од соседната земја, откри Марија Спираки, портпаролката на грчката опозициска партија Нова демократија, на брифингот со новинарите.

Без да го откриеме името на бизнисот, ве известувам дека од страна на Кина, постои отфрлено барање на грчка компанија за користење на терминот „македонски” за нејзините производи, со образложение дека не може да се користи без дозвола од соседната земја. Отфрлањето е со датум 23 февруари 2019“, рече Спираки, пренесува МИА.

Портпаролката на Нова демократија, конкретниот пример го спомена во контекст на посетата на Ципрас на Скопје, а говорејќи за трговските ознаки коментираше дека „грчките бизниси веќе ја плаќаат цената од штетниот договор“.

Со Договорот од Преспа, владата ги остави за три години нерешени прашањата за трговските имиња, трговските ознаки и за имињата за производите од нашата Македонија, рече Спираки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.