Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос ја оцени како навреда изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста Аја Софија, која е музеј да се пренамени во џамија.
Секој спор за овој статус не е само навреда за христијанските чувства, туку и навреда на меѓународната заедница и меѓународното право, истакна Катругалос. Тој додаде дека Аја Софија со векови била најголема христијанска црква и оти е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.