Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос заедно со Теодор Мелескану, министерот за надворешни работи на Романија, земјата претседавач на ЕУ, организираат појадок на пријателите на Македонија на 18 март во Брисел, a на кој ќе учествува и Никола Димитров, брифираат грчки дипломатски извори за МИА, јави дописничката од Атина.
Поканите до шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ се од министрите за надворешни работи на Грција и Романија, кои се и организатори.
Појадокот на пријателите на Македонија ќе се одржи в понеделник на 18 март, пред Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.