Владата, прифаќајќи дека кандидатурите на Македонија и Албанија треба заедно да одат напред, ги ослаби јасните аргументи во корист на првата земја, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос.

Во изјавата за европската перспектива на Македонија и Албанија, Катругалос упатува критики до актуелната грчка влада за неактивност и пасивност во надворешната политика особено по Советот за општи работи одржан завчера, jави дописничката на МИА од Атина.

Политиката на неактивност на владата за критични прашања од надворешната политика, за жал продолжи и на Советот за општи работи на 15.10.2019 година, кој не стигна до одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија. Пасивно следејќи ги настаните, владата не го искористи вредниот дипломатски капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за динамично да бара признавање на нејзината водечка улога во регионот. Паралелно, прифаќајќи дека кандидатурите на Македонија и Албанија треба заедно да одат напред, ги ослаби јасните аргументи во корист на првата земја, вели Катругалос во пишаната изјава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.