Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, позитивно ги коментира изјавите на Никос Дендиас од Скопје и вели дека треба да ги слушнат и оние членови на Нова демократија кои одбиваат да го користат новото име, јави дописничката на МИА од Атина.
Ги поздравуваме изјавите на министерот за надворешни работи дека Договорот од Преспа треба целосно и доследно да се спроведува. Да ги слушнат (изјавите) и оние членови на Нова демократија кои се служеа со демагогија за предавство, а дури и денес одбиваат да ја именуваат соседната земја под нејзиното договорено/уставно име, вели Катругалос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.