Грчката опозиција ја разгледува можноста да го одложи гласањето на преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Гласањето, како што пишува весникот, е закажано за утревечер по дводневната дебата. Претходно, пак, грчката новинска агенција АНА-МПА соопшти дека за договорот ќе се гласа в петок.
Се очекува грчкиот премиер, Алексис Ципрас да добие зелено светло за договорот бидејќи тој најверојатно го има обезбеднедно мнозинството за ратификување на преспанскиот договор.

Единственото прашање што изгледа нејасно е дали гласањето ќе се одржи според распоредот или ‘Нова демократија’ ќе побара одложување. Во таков случај, гласањето на договорот ќе биде одложено за следната недела или за време на викендот – пишува „Катимерини“.

Лидерот на главната опозициска партија, Киријакос Мицотакис, ги поттикна шпекулациите со коментарот дека неговата партија ќе направи се за да ја спречи ратификацијата на договорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.