Грчкиот весник „Катимерини“ во авторски коментар оценува дека со блокадата за стартот на преговорите со Македонија за членство во Европска унија е загрозен ерга омнес аспектот на Преспански договор во однос на употребата на името на северниот сосед.
Одредбата вклучена во Договорот од Преспа дека името на Македонија ќе биде ерга омнес – имено, да се користи како на домашен план, така и меѓународно – би можела да биде поткопана ако кандидатурата за пристапување на соседната земја во Европската унија е одложена на неодредено време, според правните експерти.
Практично гледано, договорот предвидува дека, во отсуство на преговори за пристапување, Владата во Скопје нема да има обврска да го користи своето ново име Македонија – договорено со Договорот од Преспа – внатрешно.
Затоа, промената на името дома е поврзана со започнувањето на разговорите за пристапување на земјата во ЕУ, кои беа одложени минатата недела од страна на Европскиот совет поради забелешките од Франција, Данска и Холандија.
Накратко, Скопје сè уште е обврзано да се нарекува Македонија во странство, без притоа да направи какви било промени внатрешно.
На проблемот вчера прв укажа поранешниот вицепремиер и уставен експерт Евангелос Венизелос, кој рече дека член 1, став 10 од Договорот предвидува преодниот рок за употреба на сложеното име (Македонија) во внатрешните документи издадени од земјата зависи од започнувањето на преговорите за пристапување.
Затоа, рече тој неуспехот да се отворат преговори за пристапување подразбира одложување на вистинската внатрешна употреба на сложеното име’.
Тоа е одложување на употребата на името ерга омнес, рече Венизелос.
Со оглед на тоа што најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на Договорот од Преспа, тој ќе биде доминантно прашање на предвремените избори во април на кои повика премиерот Зоран Заев“, пишува „Катимерини“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.