Атина е клучот за проширување на ЕУ, пренесува грчки Катимерини.

Грчкиот весник пренесува ставови на грчки аналитичари и посочува дека амбициите на Македонија да стане дел од европското семејство нема да ги блокира но сепак ќе бара одредени отстапки.

Грција нема да каже никому не за ЕУ, ама ќе постави услови – рекле извори за весникот од кабинетот на новиот премиер Мицотакис.

Она што исто така се наведува е дека од Скопеј, Атина ќе бара да се почитува Преспанскиот договор но, од друга страна ќе се врши и притисок на Берлин да се прифатат барањата на Грција за намалување на примарните цели на буџетскиот суфицит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.