Пред полагањето на свечената заклетва во Претседателската палата во Атина, новите грчки министри традиционално во кратки изјави за медиумите говорат за нивните очекувања, нивните пораки или пак нивните ставови во врска со темите за кои што се надлежни.

Заменикот министер за внатрешни работи надлежен за Македонија и Тракија, Теодорос Караоглу го спомена Договорот од Преспа, додека пак новиот шеф на грчката дипломатија Никос Дендиас не сакаше да ги коментира прашањата од грчката надворешна политика.

Договорот е нешто што особено нас во Македонија не има повредено многу. Тоа е е отворено прашање. Она што го имаме кажано како Нова демократија, а Кирјакос Мицотакис го разјасни, е дека тоа е национално прашање кое што нѐ засега, нѐ интересира и дека ќе го искористиме единственото оружје што го имаме во раце, а ова оружје е интеграцијата на државичката во Европската унија и ветото, за да постигнеме колку можеме повеќе промени во овој национално неприфатлив договор, рече Караоглу.

Прво заклетвата, потоа преземање на функцијата, потоа сѐ друго. Не се брзаме, кусо одговори Дендиас, пред да влезе во Претседателската палата на прашањето на дописничката на МИА од Атина, за тоа каков е неговиот став за Договорот од Преспа, но и на прашањата на грчките и странските новинари во однос на кипарското прашање и односите со Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.