Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов веќе два дена е во самоизолација откако се дознало дека командантот на бугарските воени воздухопловни сили, генерал Димитар Петров, е заразен со коронавирус.
Министерството за одбрана информира дека Каракачанов вчера направил ПЦР-тест, чиј резултат бил негативен. За денеска е предвиден втор тест и доколку и тој е негативен Каракачанов ќе излезе од изолација.
Со неодамна назначениот началник на бугарските воени воздухопловни сили, физички контакт имал и претседателот на Бугарија, Румен Радев. Тие се сретнале минатиот петок и иако Радев нема симптоми тој ја одложи посетата на Естонија која требаше да се реализира денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.