Поранешниот вицепремиер на Бугарија, Красимир Каракачанов, во гостување на телевизијата БТВ, го обвини eкс премиерот Бојко Борисов дека „фаќал кривини“ во спорот со Македојија.

Каракачанов го критикуваше Борисов затоа што се обидел проблемот со блокадата на Македонија да го префрли врз службената влада.

Не ми се допаѓа што Борисов се обидува да го пренесе проблемот со политиката кон Македонија на привремената влада. Вчера бевме заедно во владата и имавме цврст став, а сега тој се обидува да ја префрли топката со зборовите: Владата може, но не сака. Не треба така – изјави лидерот на бугарското ВМРО-БНД.

Каракачанов му префрла на Борисов и што зборувал за „два народа“ и „две нации“, иако самиот Заев зборувал за еден народ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.