Централната изборна комисија во Бугарија штотуку излезе со најнови ажурирани податоци од пребројани 54,63% од гласовите:
➳ ГЕРБ …………………………… 24,88%
➳ Има таков народ ……. 18,74%
➳ БСП ……………………………. 14,91%
➳ Д. Бугарија ……………….. 10,53%
➳ ДПС ………………………………. 8,99%
➳ Изправи Се! ……………….. 4,98%
➳ ВМРО …………………………… 3,55%

ВМРО не ја преминува границата од 4% за влез во новото Национално собрание. За таа партија, според податоците на бугарската Централна изборна комисија до 9,30 часот гласале 3,55% од граѓаните, со 54,63% на сто обработени протоколи на СИК во РИК.

Партијата на досегашниот бугарски премиер, Бојко Борисов ГЕРБ  има 24,88% од гласовите на изборите за 45-то Национално собрание. Партијата на шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ освои 18,74%, додека главната опозициски партија  БСП заостана многу и собра поддршка од 14,91% од гласовите. „Демократска Бугарија“ цврсто ја престигна ДПС и собра 10,53%, додека ДПС освои 8,99% од гласовите. „Исправи се. Мутри надвор“ собра 4,98% од гласовите.


Извор: Днес.бг



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.