Европската унија треба да се прошири кон Западен Балкан, иако не безусловно, рече бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, додавајќи дека Брисел не врши притисок врз Бугарија за нејзиниот став кон Македонија.

Со овие зборови, тој го коментираше претстојниот самит на Европската унија, што ќе се одржи на 10 октомври во Софија, а на кој тема ќе бидат новите членства.

Постојат неколку земји во Европа кои се обидуваат да ја истуркаат својата политика, сметаат тие, дека Бугарија не треба да ги наведува своите услови и дека Бугарија нема право на барања кон Македонија. Не е мал бројот на земји кои се категорично против влезот на Македонија во Европската унија, па дури и на Албанија – рече Каракачанов за бугарската телевизија „Канал 3“.

Според него, бугарската влада не треба да го загрозува своето достоинство и рамковната позиција усвоена од парламентот минатата есен.

Ако сме влада која е достоинствена и народ што треба да се заштити, чие достоинство треба да се заштити, тогаш нема да ги смениме ставовите и случајот со Македонија ќе се појави повторно по некое време. Во меѓувреме, тие треба да научат дека треба да ги почитува договорите што ги потпишува (Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, потпишан во 2017 година) – посочува тој.

Договорите се потпишуваат со цел да бидат почитувани, а не да се имитира нивното спроведување и да се живее во надеж дека некој друг ќе изврши поголем притисок врз Бугарија, за таа да се откаже. Меѓу другото, нема големи и мали во Европската унија, гласот на Луксембург е еднаков на гласот на Франција и Германија, затоа гласот и мислењето на Бугарија се еднакви на сите други членки, додаде Каракачанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.