Бугарскиот ултранационалист и министер за одбрана Красимир Каракачанов повторно ја напаѓа Македонија.Тој порача дека Македонците треба да се освестат и станат нормален народ, односно, „добри Бугари’.

Не сакам да бидам запаметен како глупак во историјата кој тргнал со добра намера да му помогне на еден народ, но од македонска страна имаат обичај да тресат. Треба да се освестат и да станат нормален народ, да не кажам, добри Бугари – вели Каракачанов.

Изјавата на Заев од собраниската говорница дека македонскиот јазик сега ќе се изучува и во Грција, а Преспанскиот договор не може никој да го оспорува, го налути министерот за одбрана на Бугарија, кој порача дека тоа може да нè чини ЕУ и НАТО. Вицепремиерот во Владата на Борисов му порача на нашиот премиер дека нема да дозволи компромиси со бугарската историја, нарекувајќи го македонскиот јазик бугарски дијалект.

Додека Каракачанов вели дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, а Македонците треба да сфатат дека се Бугари, од македонското МНР велат дека ќе се продолжи со градењето пријателство во духот на потпишаниот договор меѓу двете држави.

Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот. Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својатапроактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниот договор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји, соопшти МНР.

Инаку, Какарачанов не е единствениот бугарски политичар кој го негира македонското постоење, на иста линија со него е и министерката за надворешни работи во Бугарија Екатерина Захариева, која вели дека требало да се избришат трагите од „перењето мозоци“ дека постојат Македонци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.