Германската компанија „Лурсен“ во пристаништето „Делфин“ во Варна до 2025 година треба да произведе два воени патролни брода за потребите на бугарската армија. Министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов потпиша уште еден голем воен договор вреден 503 милиони евра.

Ова е втор голем воен договор на министерот Каракачанов, по купувањето на ловците Ф-16 од САД. Третиот голем проект за набавка на оклопни возила најверојатно нема да биде потпишан во мандатот на оваа бугарска влада.

Овој договор покажува дека односите меѓу Бугарија и Германија добро се развиваат. Го направивме вториот чекор за модернизација на армијата со потпишувањето на овој договор, рече Каракачанов и додаде дека ќе продолжи соработката со германската компанија „Лурсен“.

Овој договор е потпишан во време кога Германија се обидува да го избегне неодржувањето на меѓувладината конференција за преговорите на Македонија за членство во ЕУ во време на претседателството на Берлин со Унијата. Бугарија е земјата која се заканува со блокада на продолжувањето на преговорите на Македонија со ЕУ, поставувајќи услови поврзани со македонскиот идентитет, јазик, со употребата на новото име…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.