Најправедно би било Радован Караџиќ да ја издржи казната во Србија, изјави шефот на одбраната на истражниот тим на поранешниот претседател на Република Српска (РС) и сегашниот претседател на Организацијата на ветерани на РС, Миломир Савчиќ по враќањето од Хаг.

Знаеме дека до оваа цел не е лесно ниту едноставно да се дојде, но ние изричито тоа ќе го бараме во Обединетите нации, кај генералниот секретар, истакнал тој.

Савчиќ додал дека со оглед на тоа што пресудата на доживотен затвор е потешка од претходната, јасно е дека ќе биде поднесена жалба и дека таа веќе се подготвува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.