Возачот на камион Г.Б. (46) од Кралево, кој вчера е уапсен поради сомнение дека предизвикал тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај местото Горња Трнава, во која загинаа тројца работници од Крагуевац, а осум се повредени, немал алкохол во крвта, а по несреќата се наоѓа во тешка психичка состојба, јавува „Блиц“.

Возачот е алкотестиран и утврдено е дека нема алкохол во крвта. Тој е во тешка психичка состојба, па се уште не е јасно која е причината поради која тој преминал во коловозната лента за застанување и налетал на комбето со работници од Крагуевац, кои застанале бидејќи возилото им се расипало, вели непознат извор на српски „Блиц.

Еден од преживеаните, за „Новости“ изјави што точно се случило.

Во комбето бевме 11 луѓе, тргнавме да работиме во Лесковац, каде што требаше да поставуваме кабли. Во близина на местото Алексинац, застанавме на помошната коловозна лента. Неколку од нас беа надвор од комбето, а некои останаа внатре. Сите млади луѓе, колеги. Возачот се јавуваше на телефон за друго возило да дојде по нас, кога некој викна „леле, леле, види како вози“. Во тој момент, како да падна авион врз нас, толку силно се слушна. Камионот со цела силина удри во комбето. Гледав немоќно што не снајде. Камионот ги здроби моите колеги како воденица, мислев дека никој нема да преживее – вели еден од преживеаните за „Новости“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.