Најмалку едно лице загина, а 20 се повредени во центарот на косовскиот град Гнилане кога камион со голема брзина влета во група пешаци, јавија приштинските медиуми, а пренесува „Б92“.

„Можам да потврдам дека едно лице почина како последица од несреќата, а 20 се повредени“, изјави портпаролот на косовската полиција во Гнилане, Исмет Хасани.

Во несреќата учествувале 10 возила, а според портпаролот, ја предизвикал камионот што удрил во автомобили и пешаци.

На вонредната прес-конференција Хасани рече дека причината за несреќата биле технички проблеми.

Според него, возачот на камионот и неговиот совозач биле одведени во полициска станица на распит.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.