Хрватска тагува по Ива и Рената, ученички од малата славонска општина Ердут, кои вчера настрадаа во сообраќајна несреќа што ја предизвикал возач на камион.
Осмооделенките биле на екскурија, а во моментот на несреќата нивниот автобус стоел на одморише крај автопатот, кога камионот што го управувал искусниот вочар Иво Филиповиќ од Тузла се забил во групата и ги усмртил неразделните другарки на самото место.
Ученици од седмо и осмо одделение од основно училиште од Ердут рано утрото тргнале на дводневен излет во Свети Филип и Јаков. Неколку часа подоцна застанале на одморалиште меѓу Новска и Окучани, на автопат, а во 9.40 часот камион налетал на нив. Со голема брзина ја поминал пумпата и ги покосил децата и автомобилот кои биле на паркингот зад пумпата.
Беа неразделни. Седеа во иста клупа, заедно седеа и во автобусот. Утрината двете со насмевка тргнаа на излет, од кој за жaл, не се вратија, рекол директорот на училиштетот кој следниот понеделник го прогласил за ден на жaлост на училиштето.
Мајката на Рената, Зорица Х. на новинарите им рекла дека ѝ ѕвонела на Рената на мобилен штом се случила тpaгедијата. Кога таа не се јавувала, ѕвонела кај Ива. Била очaјна. А, потоа слушнала од медиумите дека двете зaгинaле. Останатите ученици во 16 часот се вратиле во Ердут. Таму ги дочекале paсплаканите родители и мештаните.
Засега не е познато зошто камионот нaлетал на луѓето. Возачот наводно кажал дека не му работеле кочниците.
Иако треба да се спроведе комплетен технички опреглед на камионот, првите проверки утврдиле дека кочниците работеле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.