Поранешниот министер за одбрана во Грција, Панос Каменос најави дека ќе презентира докази кои, според неговите зборови, се доволни да се покрене обвинение против министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Во коментар за телевизискиот канал „АНТ1“, лидерот на Независни Грци кој ја напушти владата минатиот месец поради несогласување за преспанскиот договор, ја коментираше репортажата на „Би-би-си“ која се однесува на македонското малцинство во Грција.

Каменос изјави дека направил сѐ за да го спречи договорот со Скопје и лобирал против него за време на последната посета во САД. Тој тврди дека има луѓето во редовите на СИРИЗА кои сакаат да го искористат прашањето за името за да си го вратат загубеното од граѓанската војна со Грција.

Соработката на Анел со СИРИЗА во последните четири години била свесен избор, со цел да се извлече земјата од финансиската помош и да донесе стабилност – вели Каменос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.