Коалицискиот партнер во грчката Влада, претседателот на Независни Грци и министер за одбрана на Грција Панос Каменос по средбата со Алексис Ципрас рече дека ја напушта Владата.

Му се заблагодарив на премиерот за соработката и му објаснив дека за мене, поради национални причини, соработката не може да продолжи, изјавил Каменос кој е министер национална одбрана.

Партијата на Каменос се противи во континуитет со Преспанскиот договор и со термиот „Македонија“  и најавуваше дека нема да гласа за ратификација на Договорот за промена на името.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.