За време на денешната посета на армиски гарнизон во Лерин Панос Каменос повторно „фрли масло во оган“, изјавувајќи дека доколку Преспанскот догвор помине во Скопје, ќе поднесе оставка од министер за национална одбрана и ќе се повлече од владата.
Поблизу од кога и да е, се чини се гледа крај на владата, барем во сегашната форма, само неколку часа откако беше изразено задоволство од уставните амандмани што вчера влегоа во македонскиот парламент, кои се „компатибилни“ со духот и писмото од Преспанскиот договор. Панос Каменос одлучи да „ги извади ракавиците“ – оценува Си-ен-ен Грција.
Тој одново го опиша како „мртов“ договорот, и повторно потсети на, според него, провокатвните изјави на македонскиот премиер и „иредентистички намери, за кои верувам дека може да доведат до дискредитирање на овој договор кој сѐ уште е мртов со она што го прават “.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.