Лидерот на „Независни Грци“ на денешната средба со грчкиот премиер побарал да се одржи референдум за Преспанскиот договор.
На средба со новинарите тој го повтори барањето и предложи референдумотда се одржи паралелно со изборите во Европскиот парламент.
Ние ќе го прифатиме резултатот, веруваме дека 80 отсто од граѓаните не се согласуваат со Договорот. Ние ќе сториме сé за да го спречиме и блокираме овој договор, изјави Панос Каменос.
Тој уште додаде дека „Независни Грци“ не прифаќаат да гласаат во парламенотот доколку премиерот побара гласање за доверба, зашто тоа би било исто како и гласањето за ратификација на Преспанскиот договор.
Каменос во неколку наврати најави дека ќе се повлечат од влада доколку Преспанскиот договор биде ставен на дневен ред во грчкиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.