Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изрази надеж дека граѓаните на Србија денеска потврдиле дека се задоволни од резултатите во претходните години и дека и понатаму сакаат да продолжат по патот кој е трасиран уште во 2014 година и нагласи дека ниедна излезност нема да ја смета за неуспех.
Се надевам дека граѓаните ќе потврдат дека се задоволни од резултатите, дека сакаат Србија да се движи понатаму по патот кој е трасиран во 2014 година, патот на напорна работа и резултати, кој почнува повторно да победува, во спортот, економијата, но и во политиката. Се надевам дека граѓаните ќе ја дадат довербата на тимот на Александар Вучиќ кој цело ова време напорно работеше, изјави Брнабиќ откако утринава гласаше.
Таа одговори и на прашањето дали останува на местото премиер.
Не знам, навистина… Немам надежи и очекувања. Денеска очекувањата ми се поврзани со резултатот и потврдата на политичките листи на Александар Вучиќ. Тоа денеска е најважно, одговори Брнабиќ.
На парламентарните, покраински и локални избори во Србија според Републичката изборна комисија (РИК) до 18 часот излезноста изнесува 40,82 отсто, со Косово 42 проценти и досега не се забележани поголеми неправилности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.