Неодамна кога актерката Милена Радуловиќ, која во исповед за Блиц го обвини педагогот Мирослав Мика Алексиќ за силување, меѓу првите поддршка ѝ пружи токму актерот Бранислав Лечиќ, деновиве исто така обвинет за силување и вознемирување.
Ме шокира приказната на мојата млада колешка Милена Радуловиќ, чиишто родители многу добро ги познавам. Син ми Иван и ќерка ми Ана една година одеа во школото на Мика Алексиќ, кога беа мали. Самите се откажаа, зашто многу им се дерел.
Мика го знам од факултет. Немам зборови.
Секое насилство го осудувам и го презирам, особено врз жените, за децата и да е зборувам Тоа остава трајни последицо на живтот на жртвата и драстично ѝ го менува погледот на светот. Силувањето е понижување на телото, духот, личноста и слободната волја на секој од нас.
Храбри жени, ја имате мојата поддршка. Борбата е единствениот одговор, напиша на социјалните мрежи актерот Бранислав Лечиќ.
Актерната Дениела Штајнфелд му откри на Вишото јавно обвинителство во Белград дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер за култура и поранешен висок функцинер на Демократска партија (ДС), Бранислав Лечиќ е мистериозниот моќник од филмската индустрија кој ја силувал, пренесе порталот Нова.рс.
По неа се јави и новинарката Христина Стоиљковиќ, која објави смс пораки од актерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.