Три маскирани лица, од кои двајца вооружени со ловечки карабини, рано утрово упаднале во филијала на Грчките пошти во селото Мелики во северна Грција и одзеле околу 230 илјади евра, износ кој најверојатно бил наменет за исплаќање пензии, јави дописничката на МИА од Атина.
Сторителите, според истите Ана-МПА, со оружјето им се заканиле на вработените и побарале да им ги дадат сите пари.
Пред поштата ги чекало друго лице со автомобил и по кражбата, побегнале во непознат правец, а полицијата работи на нивно пронаоѓање
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.