Постојат милион прашања поврзани со коронавирусот кои не интересираат, а на многу од нив српската докторка Ивана Милошевиќ, заменичка директорка на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Водам сметка да не влегувам дома во работите со кои сум била на работа, доколку е тоа можно, секако. Не одам по одделението во капуто, секако постои униформа. Она што го шреземав е пред мојата врата да има бришач и раствор, комбинација од вода и варикина. Доаѓам од болница и не треба така да влезам дома – рекла докторката во интервју за српска телевизија.

А, колку вирусот може да се задржи на амбалажа? Што да се прави со ќесите донесени од набавка, прашала водителката.

Се однесувам исто како и претходно. Кога ќе се вратам од продавница, ги ставам чесите на свое место, ги мијам рацете. Нема таа амбалажа да ја ставате во уста. Се и да има вирус на неа, суштината е во хигиенските мерки, но пред се во редовната хигиена на рацете. Ако вирусот се најде на рацете, ние нема да се разболиме ако не го внесеме во респираторниот тракт или конујуктивитот – рекла докторката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.