Во Словенија регистриран првиот случај зараза кај лице вработено во затворот Доб, а со тоа ова е и прв случај во кој се појавува заразата во казнено – поправна установа.
Веднаш се изолирани сите оние кои имале контакт со лицето и според информациите на надлежните во изолација се вкупно осум лица. Сите ќе бидат тестирани за коронавирусот.
Навистина е потврден случај на коронавирусот кај човек кој преку надворешна компанија работел во затворот. Поради тоа веќе се преземаат мерки за заштита и изолирани се сите оние кои имале контакт со заразениот, изјавија од Управата за извршување санкции.
Во затворот Доб, моментално има околу 600 затвореници и 200 вработени.
Вчера од словенечката Влада најавија дека размислуваат за едномесечен прекин на издржувањето на затворската казна за оние осуденци каде нема опасност од бегство. Целта е да се спречи ширењето на коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.