Претседателот на ветерани на поранешна ОВК, Хисни Гуцати, соопшти дека утрово ова Здружение добило пакети со предмети од Специјалниот суд во Хаг во кои се имињата на сите сведоци во случаите на тој суд.
Тој, на вонредна прес-конференција, рече дека не знае кој го доставил пакетот во кој има околу четири илјади досиеја на Специјалниот суд во Хаг во кои се наоѓаат имињата на сите сведоци во случаите на овој суд.
Потпретседателот на Здружението, Насим Харадинај, рече дека се изненадени, но дека „во нив има докази дека оние што се пратеници, влада, оние кои гласале за тој суд се жртви, плен, подлеци и отпадници, најштетните луѓе кои не сакаат добро за Косово“. .. Затоа што, како што рече, со цел да се легитимира судот на една етничка припадност, дури и во име на меѓународните претставници, станале плен на Србија.
Харадинај, како што пренесува Бета, рече дека го добиле ова досие со околу 1.400 страници, со имињата на сите сведоци Албанци, Роми и Срби, и дека за секое лице има кога и каде е испитувано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.