Српската пејачка Радојка Кецман е уапсена заедно со државјанин на Шведска поради сомнение дека извршиле кривично дело – недозволено производство, чување, носење и продавање оружје и експлозивни материјали, како и поголема количина на оржује и муниција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rada Kecman (@rada_kecman) on

Полицијата извршила претрес во станот во Нови Сад кој го користи Радојка и пронашла две автоматски пушки, а во претрес во уште еден стан кое го користело лицето од Шведска биле најдени 11 автоматски пушки, 11 гасни пиштоли, пригушувачи и поголема количина на оружје од различен калибар.

Едната од запленетите пушки била премачкана со бел лак кој криминалците го користат за после злочинот биде лесно запавливо. Лакот му помага побрзо да изгори, а најчесто се премачкуваат пред да се изврши убиство. Поради тоа, истражителите веруваат дека акцијата за убиство била кон крајот, но уште се проверува кој бил метата – изјавил полициски инспектор за српските медиуми. Тој се сомнева дека пејачката и нејзиниот пријател биле дел од криминална банда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rada Kecman (@rada_kecman) on

Доказитеукажуваат на тоа дека тие го чувале оружјето за некого. Според изјавата на инспекторот, со оружјето кое е пронајдено досега не е извршена ликвидација.

Оружјето е ново, но сепак ќе биде испратено на вештачење за да се види дали и некој друг бил во контакт со него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.