Хрватска полека ги олеснуваат епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19.
Кафулињата од денеска почнуваат да работат, со тоа што ќе продаваат пијалоци „за носење“. Олеснувањето на мерките е придружено со прецизна епидемиолошка рамка, така што луѓето кои земаат храна и пијалоци не смеат да останат на терасите во кафулињата или пред нив.
Спортски сали, фитнес центри и училишта за странски јазици, детски игралишта и работилници, клубови за автомати, казина и обложувачници, исто така, ќе можат да работат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.