Не гледам основа и нови факти кои би ја промениле бугарската позиција кон Македонија, изјави потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, најважно, според Јотова, е да се изготви патоказ што да се прави отсега натаму на билатерален план, дека ќе се разгледуваат нови предлози од европските партнери.
Бугарија, додаде Јотова, ќе ја чека одлуката на Македонија, бидејќи нејзиниот премиер поднесе оставка, и ќе се разгледаат новите предлози од европските партнери.
Според неа, сепак, нема да се понуди ништо ново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.