По апсењето, Нинослав Јовановиќ раскажал на кој начин успеал да ја киднапира малата Монико. Тоа утро на 20 декември се упати кон училиштето во кое учело девојчето. Го запрел автомобилот и ја забележал Моника, го отворил прозорецот и ја прашал дали знае каде е училиштето.
Девојчесто нормално одговорило позитивно на што тој и рекол дека е електричар и оти оди на поправка таму и дали сака да му го покаже патот. Наивното 12 годишно девојче се согласило и влегло во возилото.
Оттогаш и се губи секаква трага па се до пред неколку денови кога беше пронајдена во напуштена куќа. Полицијата во возилото на Берберот го пронашла и ДНК на Моника по што биле сигурни дека ја грабнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.