Пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП) од Црна Гора, Драгиња Вуксановиќ – Станоковиќ, бара оставка од нејзиниот сопруг, врховниот државен обвинител Ивица Станковиќ. Според црногорската пратеничка потписот кој го ставила на Договорот за иднината, со кој се бара оставката, е резултат на приципиленоста на која била и ѝ останала доследна.
Мене на изборите ме бираа граѓаните, јас одговарам пред нив. Затоа, за својата политичка работа на позицијата пратеник, им одговарам само на граѓаните, рекла за „Вјести“, Вуксановиќ.
Договорот за иднината за време на последниот граѓански протест „Одупри се“ го потпишаа пратениците на опозицијата и претставници на „Одупри се“. Потпишувачите на Договорот, помеѓу другото, бараат оставка од Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ, врховниот јавен обвинител Ивица Станковиќ, специјалниот државен обвинител Миливое Катниќ, директорот на Агенцијата за спречување корупција Сретен Радоњиќ и раководството на Радио-телевизија Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.