Емил Живиќ од Ниш ја спаси дванаесетгодишната Моника Каримановиќ, која беше грабната од повеќекратниот силувач Нинослав Ковановиќ, познат како Малчанскиот бербер.
Моника беше најдена по девет дена интензивна полициска потрага.
Ја прашувам, тука си, но никако не можев да се сетам како се вика, раскажува Живиќ кој во својата викендица во селото Пасјача ја пронајде грабнатата Моника.
Како што изјавил за српските медиуми, тој се плашел, но драго му е што детето било пронајдено.
Не знаев дека тие се тука. Јас дојдов со синот да ја провериме викендицата, дали е се во ред. Тој (Нинослав Јовановиќ) излезе од викендицата и син ми го препозна, а потоа и јас и тој почна да бега, изјави Емил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.