Словенечкиот премиер Јанез Јанша утрово, преку порака на Твитер, веќе го прогласи американскиот претседател Доналд Трамп за победник на штотуку одржаните претседателски избори во САД.
Веќе е јасно дека Американците го избраа Доналд Трамп за уште четири години. Колку повеќе одложувања и негации на фактите од центристичките медиуми, толку е поголем триумфот на претседателот Трамп“, сподели Јанша.
Потегот на Јанша не го коментираа од Европската комисија, а портпаролот само нагласил дека резултатите треба да се следат до крај, а пребројувањето на гласовите во САД траело уште.
Јанша повторно ги налути левичарите вечрва нарекувајќи ги шлајм.
Ништо не го нервира левичарскиот шлајм повеќе од веста дека @realDonaldTrump ќе биде претседател на САД уште 4 години. Бидејќи најмногу за него гласале оние кои живеат од сопствената работа и труд, без оглед на бојата на кожата или религијата, пишува словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер.
Nič bolj ne razjezi kaviar levičarja, kot novica, da bo @realDonaldTrump še 4 leta predsednik ZDA. Ker so zanj večinoma glasovali tisti, ki živijo od lastnega dela in truda, ne glede na barvo kože ali veroizpoved. 😀
— Janez Janša (@JJansaSDS) November 4, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.