Словенија прогласи епидемија на коронавирус затоа што, според најновите бројки, во земјата се заразени 82 лица, 25 повеќе од вчера, потврди владата во Љубљана.
Избувнувањето на епидемијата и новите податоци за бројот на пациенти беа претставени на седницата на словенечката влада од страна на премиерот Марјан Шарац и министерот за здравство Алеш Сабер.
Владата денес донесе декрет со кој се прогласува епидемија, што е правна основа за натамошно вклучување на штабовите за цивилна заштита во мерките за заштита од коронавирус, која досега е вклучена со активности, заедно со другите тела“, рече Шарац.
Министерот за здравство потврди дека 82 лица се заразени во Словенија до 12 часот, 25 повеќе од вчера.
Со објавувањето на епидемијата, Словенија ја прогласува втората фаза на опасност од зараза со коронавирус, а исто така е донесена и одлуката да се затворат сите училишта, факултети, градинки и интернати, што ќе опфати повеќе од 300.000 луѓе.
Новиот словенечки премиер Јанез Јанша преку Твитер соопшти дека би било добро ако родителите кои се во можност да организираат грижа за децата, не ги испраќаат своите деца на училиште во петок.
Новата влада ќе биде потврдена на вонредната седница на парламентот, свикана во петокот попладне и ќе стапи на сила веднаш по заклетвата.
Специјалното законодавство, донесено од владата, обезбедува субвенции за оние бизниси кои ќе имаат проблеми со нивниот бизнис и работниот тек заради ширењето на коронавирусот, а на оние кои ќе треба да останат дома во карантин, ќе имаат право на 80 проценти од платата.
Јанша изјави дека епидемијата на коронавирусот е најголем предизвик со кој се соочила Словенија од осамостојувањето. Тој го прифаќа предлогот на врвните епидемиолози од Љубљана за запирање на целиот јавен живот во Словенија. Словенечкиот премиер тврди дека е подобро сега да се преземат мерки, за да не биде после доцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.