Поранешниот словенечки премиер и лидер на словенечката Демократска партија, Јанез Јанша, е казнет со 6 000 евра поради навреда врз две новинарки од Радио-телевизија Словенија.
Во пресудата е одредено Јанша да ги плати и трошоците за спорот, во висина од 513 евра, објави агенцијата СТА.
Во пораката што на „Твитер“ ја објави Јанша во 2016 година, новинарката Евгенија Карл и уредничката Мојца Пашек ги нарече „испрани проститутки чиишто евтини услуги се на понуда на фејсбук-страницата на јавната куќа“.
Двете новинарки го тужеа Јанша по објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.