Сакав да ја запросам Ана уште минатата година, бирав место и вистински момент, а потоа се случи 2020 година, со сите свои непријатности и короната, па таа идеја падна во вода, раскажал Деан Јаданиќ од Петриње за хрватскиот 24 сата.
Деан својата сакана Ана Крзнаревиќ ја запросил во рушевините, на местото каде што за малку ќе го загубел животот, пред Домот на здравје во Петриње. Тие се запознале пред четири години во продавницата каде што работела Ана, а на денот кога се запознале Ана го прославувала својот роденден. Деан работи како медицински техничар во тамошниот Дом на здравје веќе 13 години, а после последниот потрес на 29 декември едвај извлекол жива глава од таму.
Годината ни донесе уште една несреќа. Потресот кој не дотолчи сите. Едноставно не знаеме што ни носи животот и што ни носи утрешниот ден. Така во четвртокот во разговор со својот најдобар пријател Марко решив следниот ден да ја запросам Ана, затоа што сфатив дека нема смисла да се чека вистинскиот момент. Секој момент е вистински – рекол Деан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.