Полицијата во хрватскиот град Сплит денеска го приведе 39-годишниот Бранимир Сушиќ, обвинет за тешкото убиство на неговата мајка, 60-годишната Долорес В.

Според полициската пријава тој сопствената мајка ја запалил.  Семејната драма се случила во нивниот стан на првиот кат во неделата рано наутро. Бранимир се скарал со својата мајка поради цигара која таа отишла да ја пуши во бањата. Жената потоа е пронајдена со изгореници во кадата. Итната помош ја повикал синот, а набргу пристигнала и полицијата, пишува Далматински портал.

Никој не може да поверува што се случи. Жената живееше со овој син и со помалиот, кој лежи во затвор од летово. Двете момчиња имаа психички проблеми и конзумираа алкохол, па полицијата често доаѓаше кај нив. Помладиот беше поагресивен отколку постариот син“, изјавија станарите.

Сушиќ денес е изведен пред обвинител, а претходно ќе биде прегледан од психијатар за да утврди дали е пресметлив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.