Маж од околината на Загреб ја носел својата сопруга гола низ селото за да ја осуди дека е прељубничка. По апсењето тој ги уверувал истражителите дека всушност е добар.

Истражен судија му одреди мерка притвор за да го спречи да го повтори овој вид на кривично дело. Имено, тој бил крајно насилен кон сопругата. Ја удрил по глава обвинувајќи ја дека е проститутка.

„Зошто го направи тоа? К…! Признај сѐ!“ ѝ викал тој на жената. После тоа, ја извлекол гола од дома ѝ ја водел низ селото за да ја разоткрие пред сите како прељубница.

На крајот бил приведен и пријавен за семејно насилство, закани и нанесување телесни повреди. Обвинителството побара да му биде изречена мерка притвор за да не влијае врз сведоците, пред се неговата жртва и да не го повтори делото.

Истражниот судија констатирал дека ова барање е оправдано, па осомничениот маж бил однесен во Ремитенец.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.