Седумнаесетгодишна девојка, по потекло од Босна, доживеала хорор откако нејзините родители и роднините брутално ја претепале зошто се забавувала со момче од Србија.
Инцидентот се случил во понеделникот во Франција, а како што пренесуваат тамошните медиуми, лути што си дозволила да се гледа со православен Србин, родителите, тетката и вујкото ја претепале девојката, а на крај ѝ ја избричиле главата.
Девојката неколку месеци се гледала со 20-годишен Србин, но бидејќи родителите не ја одобрувале врската, минатата недела побегнала од дома. Им се јавила да им каже дека тоа е нејзината конечна одлука, а тие се обиделе да ја смират ситуацијата и ѝ рекле да се врати дома.
По неколку дена одлучила да оди и заедно со момчето лично да се разбере со родителите, но по доаѓањето дома, започнал пеколот. Тие веднаш ја пикнале во соба, а тој некако успеал да побегне за да побара помош.
До пристигањето на полицијата таа веќе била тешко повредена, а таткото со машинка ѝ ја поминал главата.
Семејството е уапсено, а девојката со тешки повреди, меѓу кои и скршено ребро, веќе неколку дена е хоспитализирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.