Околу 6 часот и 20 минути на автопатот А3 кај Славонски Брод (во близина на наплатната рамка на патарината (Славонски Брод-Запад) автобус со косовски регистерски таблички од непознати причини слетал од коловозот. Во оваа тешка сообраќајна несреќа, според првичните информации десет лица загинале а триесетина се здобиле со телесни повреди. Полициските службеници се уште вршат увид за да ги утврдат околностите и причините поради кои се случила несреќата, информираат од храватското МВР.
ПРвично беше јавено дека се работи за автобус со македонски регистарски таблички, но подоцна ваквата информација беше корегирана. Началникот на сообраќајната полиција од Славонски брод Фрањо Галиќ вели дека е утврдено дека се работи за автобус со косовски регистерски ознаки кој патувал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Според него, ова е можеби најтешката сообраќајна несреќа која ја видел досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.